Забава Избор

SUPER Fresh music: The Rolling Stones – Mess It Up

Охрид, 27. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Периодов наназад, легендарните The Rolling Stones им даваат нови и нови поводи на обожавателите за славење.

Неповторливиот Keith Richards неодамна го прослави 80. роденден, а како подарок за фановите пристигнува спотот за синглот „Mess It Up“, тема од неодамна објавениот албум „Hackney Diamonds“.

Важноста на видеото е уште поголема затоа што за креативната магија придонесе големиот Charlie Watts – покојниот член на групата и легенда на тапаните чиј придонес во музиката на бендот е немерлив. Режијата на видеото е на добитникот на Grammy наградата Calmatic, додека главната улога ја толкува популарниот британски актер Nicholas Hoult.

Албумот „Hackney Diamonds“ беше оценет од музичката критика како најдобар рок албум во изминатите неколку децении.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука