Забава Избор

Стиховен калибар го промовираше албумот „Модерни робови“

Охрид, 28. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Хип хоп артистот Горан Јанкуловски, попознат како Стиховен Калибар, во времето во кое живееме очигледно има и премногу инспирација за создавање.

Остар на јазик, со бурен темперамент кој често се прелива и на социјалните мрежи, Јанкуловски е сериозен (и меѓу последните) борец за правда, човекот кој знае реално да го крене гласот против неправдата, состојбите во државата и светот, медиокритетите, партиските послушници и се’ останато кое навистина заслужува да се најде на негова мета.

Неодамна, тој го промовираше својот трет албум на платформата YouTube, издание кое повторно третира длабоки социјални теми.

– Албумот „Модерни робови“ го актуелизира современото робовладетелско општество и политичката жабокречина. Во него неуморно се трага по изгубената слобода, а вметнува и библиски црти во еден модерен контекст, алудирајќи на распадот на либерална цивилизација која се повеќе доведува до човечко страдание и бездушност, вели Стиховен Калибар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука