Забава Избор

Суперхикс во пресрет на новогодишните празници го издадоа новиот сингл „Како боли“

Охрид, 28. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одличните Суперхикс во пресрет на новогодишните празници ја израдуваа својата публика со новиот сингл „Како боли“.

– Наскоро излегува и студискиот албум, а бендот се подготвува за серија активности поврзани со јубилејот „30 години Суперхикс“, информираат од групата.

Песната е снимена во студиото „Тра Ла Ла“, под продуцентска палка на Мите Димовски. Текстот е на Дарко Попов и Борис Минов, а музиката и аранжманот на Суперхикс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука