Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Пријавени 205 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

Скопје/Охрид, 28. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 18-ти до 24-ти декември во Република Македонија пријавени се 205 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените се пријавени од 17 ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар 80, Гостивар 36, Тетово 26, Куманово 19, а во
останатите, бројот на пријавени е ≤10. Во 15 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во една (Гостивар) сезонска, а во една (Дебар) висока активност на вирусот на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 117 лица се на возраст од 15-64 години, 38 кај деца на возраст од 0-4 години, 36 кај деца на возраст од 5-14 години и 14 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години, е наведено во извештајот.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 890. Во споредба со истиот период од минатата сезона бројот на пријавени случаи е зголемен за 52,7%. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука