Забава

Следната година концерт на браќата Тавитјан на Јереван Џез фестивал во Ерменија

Скопје, 6. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Tavitjan Brothers во 2016 година ќе одржат концерт на во најголемиот концертен комплекс во источна Европа „Карен Демирџиан“ во рамките на престижниот „Јереван Џез фестивал“ во организација на продукцијата Мецо.

– Особена чест е што повторно имаме можност да го запишеме името Македонија и во оваа престижна локација, велат Диран и Гаро Тавитјан.

Оваа локација влегува во листата на концертите кои досега ги имаа браќата Тавитјан во Карнеги Хол и Блу ноут (Њу Јорк), Лондон, Рим, Париз, Германија, Швајцарија, Романија, Холандија, Шведска, Грција, Албанија, Сава центар (Белград), Сала Бугарија (Софија), Арам Хачатуриан (Ерменија), Цанкарјев дом (Словенија), Хрватска, EXIT (Нови Сад) и многу други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука