Забава Струга

Викендов натпреварувачки денови на фестивалот „Езерски бисери“

Струга, 6 . август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Струга во тек е Меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери“.

Фестивалот ќе трае до 14-ти август, каде бројни уметници од повеќе држави учествуваат на 12-то издание. За наградата Гран при ќе се натпреваруваат млади таленти од Македонија, Русија, Малта, Франција, Полска, Белорусија, Србија, Бугарија, Словенија, Швајцарија, Молдавија.

Тие ќе учествуваат во две фестивалски програми: класика и естрада, кореографија, фолклор.

Натпреварувачките денови се 8 август (класика) и 10 август (естрада,кореографија, фолклор) во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Гала концертот на кој ќе настапат најдобрите учесници ќе се одржи на 11 август, во 20.00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука