Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Христијана Парулеска меѓу најдобрите пет млади спортистки во Македонија

Скопје/Охрид, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во  хотелот „Александар Палас“ во Скопје, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации, во средата се одржа манифестацијата „Избор за Спортист за 2023 година“.

На овај избор Македонската традиционална Таеквон-до федерација аплицираше со еден натпреварувач, Христијана Парулеска, која испиша историја во македонскиот спорт, која учествуваше на Европското првенство во Јесоло-Италија, натпреварувајќи во две дисциплини, во борби и форми, освојувајќи златен медал во борби, Европска шампионка, и сребрен медал во форми Европска вицешампионка, а со тоа го заслужи и пехарот за најдобра кадетка во Европа. После само 3-4 месеци на Светското првенство во Астана, Казхстан, влегувајќи во постара возрасна категорија, во борби го освои бронзениот медал во борби. За жал патот до златото при убедливо водство во полуфиналето мораше да ја предаде борбата поради повреда, од која се’ уште закрепнува. Таа е единствена натпреварувачка на нејзина возраст која во иста година има освоено медал и на Европско и на Светско првенство, како и како најмлада добитничка на повелбата на „Св. Климент“ – Патрон на Охрид.

– Испраќаме огромна благодарност до АМС и ССМ, кои ни дадоа доверба и можност да бидеме дел од најпрестижната Спортска манифестација во Македонија, рамо до рамо со сите Спортски федерации, што е најголем успех за нас како федрација. Голема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“ од Охрид за несебичната поддршка изминативе 10 години, истакна претседателот на Македонската традиционална Таеквон-до федерација Марјанчо Лазаревски, кој во име на федерацијата на сите граѓани им ги честиташе новогодишните празници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука