Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведени четири лица од Охрид и Штип кои физички се пресметале на улицата „Стив Наумов“

Охрид, 2. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 2. јануари 2024 година, во 02:45 часот, на улицата „8-ми март“ во Охрид, приведени се две лица на возраст од 47 години од Охрид како и две 19-годишни лица од Штип.

– Тие, претходно на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука