Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Финишираат подготовките за годинешната Бадникова поворка

Охрид, 30. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Финишираат подготовките за годишешното издание на Бадниковата поворка во Охрид.

Во насока на негување на традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни, на 6-ти јануари, стотици деца низ охридските улици ќе ја пеат Вечниот Бог. Интересот за учество голем, покрај дечиња од Охрид и охридско, учествуваат и дечиња од Дебрца, Велгошти…

Големата Бадникова пештера, која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос, и годинава го краси Градскиот плоштад во Охрид.

Бадниковата пештера е подарок за градот од Бигорскиот манастир, а е дело на вредните монахињи од манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица. Широка е 2,5 метри и висока 3 метри. Направена е од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатена со иконата на Рождеството Христово и кандилце. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука