Забава Избор

BBC го објави документарниот серијал за историјата на disco музиката – „Disco: Soundtrack of a Revolution“

Охрид, 5. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – BBC го објави новиот документарен серијал од три продолженија за историјата на disco музиката.

Филмот „Disco: Soundtrack of a Revolution“ носи интервјуа со disco легенди како Colleen „Cosmo“ Murphy, Nicky Siano, Honey Dijon, David Morales, François K и Candi Staton. Првиот дел го истражува потеклото на disco музиката во баровите во Њујорк, додека вториот ги открива блескавите и најславни денови на disco манијата.

Серијата, исто така, ги враќа во живот некои од најпознатите хитови како „Love to Love You Baby“ на Donna Summer до „You Make Me Feel Mighty Real“ на Silvester. Последната епизода е за реакцијата на белата публика на оваа музика која оригинално потекна од афро-американците и како полека таа замина во историјата.

Во Охрид имаме неколку места во кои се негуваше овој вид музика и кои се длабоко врежани во колективната историја на сите кои живеат во овој прекрасен град. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука