Забава Избор

„Ме сакаш кога ме немаш“, нов сингл за талентираната Лара Иванова

Охрид, 5. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Лара Иванова, младата дама која заедно со нашиот Пајак ја сними Макфестовската „Bella“, која има над 35 милиони прегледи на YouTube има нова песна „Ме сакаш кога ме немаш“ со која го докажува својот музички потенцијал.

Музиката и тектот се на Лазар Цветковски и самата Лара, а Лазар се погрижи за продукцијата и аранжманот.

Станува збор за песна со модерен ритам, која треба да ја освои тинејџерската публика.

Времето е пред неа и со многу работа и соработка со сериозен тим, таа може да стигне до своето место под македонското музичко сонце. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука