Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претрес во Охрид, приведено едно лице во чиј дом е пронајдена дрога

Охрид, 6. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти јануари 2024 година, во 17:05 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид привеле 53-годишно лице од Охрид.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука