Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Водици 2024 од другата страна на езерото, денеска се фрлаше крстот во Поградец (Видео)

Поградец, 6. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од другата страна на езерото, на албанскиот дел, во градот Поградец, денеска се одржа церемонијата на фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Бројни млади верници, утрово влегоа во водите на езерото, по крстот со кој секоја година се осветуваат водите.

 

Gëzuar “Ditën e Ujit të Bekuar” të gjithë besimtarëve!

Posted by Bashkia Pogradec (Faqe Zyrtare) on Saturday, January 6, 2024

На македонската страна, Светиот крст се фрла во водите на Охридското Езеро на манифестацијата Богојавление Водици, која ќе се одржи на 19-ти јануари 2024 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Bashkia Pogradec

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука