Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Пливачкиот клуб „Акваспирит“ ќе одржува тренинзи во базенот во Струга

Охрид, 9. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид ќе започне со тренинзи во внатрешниот пливачки базен во Струга, што неодамна беше пуштен во употреба.

Со оглед на специфичноста на целата организација од клубот информираат дека имаат ограничени временски термини, особено за натпреварувачката група пливачи.

– На располагање имаме три термини во текот на неделата, понеделник ,среда и петок од 19:30 часот, сѐ со цел да бидат опфатени децата што се прва и втора смена на училиште и еден утрински термин за време на викенд почнувајќи од 10:00 часот. За почетничка група со три термини неделно и тоа среда 08:30 – 09:15 часот (за тие што се втора смена) и 16:00-16:45 часот (за тие што се прва смена на училиште) и два утрински термини сабота и недела 09:00 – 09:45 часот. Заинтересираните да испатат податоци за децата: име презиме, година на раѓање и дали е пливач или непливач, со напомена дека во натпреварувачката група приоритет имаат пливачите кои се веќе регистрирани пливачи и имаат досегашни настапи за ПК „Акваспирит“, додаваат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука