Забава Избор

SUPER Fresh music: Take That – Where We Are

Охрид, 9. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Where We Are“ е новиот сингл на легендарниот британски бенд Take That, кој неодамна го најави враќањето на музичката сцена со голема концертна турнеја и деветтиот студиски албум „This Life“.

Во поставата недостасува Robbie Williams, но затоа се тука Gary Barlow, Mark Owen и Howard Donald.

– Беше прекрасно искуство да се вратиме во студио и да работиме заедно на овој сингл, изјавија Gary, Mark и Howard.

Формирани во 1989 година, Take That имаа огромен успех со нивните први два албума, додека нивното трето студиско издание, „Nobody Else“, ги постави како глобален феномен со повеќе од шест милиони продадени копии и број еден на топ листите во 11 земји.

Кога Robbie Williams го напушти бендот, следеше пауза од девет години, сè до 2005 година кога преостанатите четворица членови повторно се обединија за турнејата „The Ultimate“, која беше крунисана како еден од најголемите камбекови во британската музичка историја.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука