Избор Култура Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

Игор Џамбазов, Нокаут и Наум Петрески, главни ѕвезди на годинешниот Вевчански карневал

Скопје/Вевчани, 9. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се’ е подготвено за новото издание на традиционалниот Вевчански карневал.

Покрај традиционалните маски на Глупи Август, зетот и невестата секоја година се наоѓаат маски кои директно ја исмеваат или презентираат дадената ситуација или личност која ја одбележаа минатата година.

Во петок на 12-ти јануари 2024 година, со почеток на музичката програма во 20:00 часот започнува Вевчанскиот карневал, едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица.

На голема сцена оваа година посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Јанг Дади, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Наум Петрески со Фолк мерак Лајф, како и локалните и на локалните музичари Перо Бели и Коки Биоритам, но и Оркестарот со зурли и тапани Вевчани.

Сето ова е само надополнување на главниот настан на карневалот, дефилето на маските кое се случува на 13-ти јануари во попладневните часови. Тогаш цело Вевчани станува еден голем театар на отворено и сета енергија на василичарите се впива во преубава атмосвера.

Вевчанскиот карневал е најпознатиот бренд на Република Македонија од овој вид, кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари. Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1500 години.

Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука