Забава Избор

Rolling Stone ја објави листата од 100 најдобри песни за 2023 година

Охрид, 11. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Престижниот Rolling Stone за крај на годината ја објави листата од 100 најдобри песни за 2023 година.

Kylie Minogue, Shakira, Taylor Swift, Miley Cyrus, Foo Fighters и многу други познати музичари имаа навистина одлична година и големи хитови кои доминираа со светските топ листи, водечките радио станици и стриминг сервиси.

На првото место на листата е песната „Ella Baila Sola“ на Eslabon Armado и мексиканскиот пејач Peso Pluma. Песната првично стана популарна на TikTok, по што ја започна доминацијата на топ листите.

Крајот на годината е време за сумирање на резултатите, а Супер радио ја заврши со нешто над 2.500 песни во фолдерот 2023-та година, односно сме Ви презентирале најмалку 50 нови песни секоја недела. Во новата година очекуваме уште многу добра музика на фреквенцијата каде музиката е задоволство, а задоволството е цело ваше… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука