Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 4. степени

Охрид, 12. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и студено време наутро, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 4. степени.

– До недела времето ќе се задржи стабилно, суво и студено со ниски утрински температури. Денес вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец повремено со брзина од над 60 км/час, а утре ветерот краткотрајно ќе засилува. Во понеделник и вторник ќе има зголемена облачноста проследена со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и планини особено во западните делови од повремен снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука