Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 5. степени

Охрид, 15. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 5. степени.

– Денес и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, a на планините и повисоките места особено во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег од што малку ќе се зголеми снежната покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и понекаде краткотрајно од снег. Од денес ќе започне почесто да дува умерен до повремено засилен јужен ветер кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во најпрвин во постепен пораст, а дневните позначително ќе се покачат кон крајот на работната недела, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука