Забава Избор

SUPER Fresh music: Sera & YouNotUs – I Can’t Be The Only One

Охрид, 15. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Холандската ѕвезда во подем Sera го претстави новиот сингл „I Can’t Be The Only One“ заедно со продукциското дуо YouNotUs.

Песната носи грст позитивна енергија за време на празничната сезона и е подготвена да ги освои радио станиците. Инспирирана од мелодијата на хит-синглот „Call On Me“, кој првично беше изведен од Eric Prydiz, Sera и YouNotUs и’ додадоа на песната современа поп димензија која веднаш ве тера да танцувате.

Музичарот и кантавтор Sera за кратко време се здоби со статус на еден од највозбудливите нови уметници на европската музичка сцена. Таа најпрво го привлече вниманието на публиката со обработки на популарни песни поради специфичниот вокал, а во 2021 година го претстави својот деби-сингл „Only Us“ со која стигна до високи позиции на музичките топ листи, по кој следуваа „Head Held High“ и „Best Friend“.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука