Забава Избор

„Кажи ми во лице“ е новиот сингл на одличните Дупер

Охрид, 15. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Музичкото дуо Дупер се Борис Какуринов и Илчо Нечовски кои очигледно го имаат тајниот рецепт за музички хит, затоа што нивната нова песна „Кажи ми во лице“ повторно е полн погодок.

Музиката и текстот се авторско дело на Борис и Илчо, а видео записот, кое е дело на Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна и тивка, домашна атмосфера која совршено ја отсликува приказната и емоцијата во песната.

Музиката што ја создава Дупер е единствена и безвременска и затоа секој нивен нов проект освен што носи свежина во македонскиот музички етер, исто така секогаш е пријатно изненадување за публиката. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука