Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски и собранискиот спикер Џафери денеска ќе ги депонираат оставките

Скопје, 25. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски и собранискиот спикер Талат Џафери ќе ги депонираат оставките кои во петок, треба да бидат констатирани на седница.

Веднаш потоа ќе биде известен претседателот на државата Стево Пендаровски, кој во петок после изборот на новиот собраниски спикер ќе го додели мандатот на техничкиот премиер.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги утврди кандидатите за министри и заменици во техничката влада. Извршниот комитет на партијата предлага во Министерството за внатрешни рабтои (МВР) да седне Панче Тошковски, адвокат и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а во труд и социјала екс генералниот секретер на Град Скопје Ѓоко Велковски. На заменик министерските позиции опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги предлага Стефан Андоновски во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Елена Петрова во финансии и Цветан Трипуновски во земјоделие.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, но ќе се воздржат од гласање за техничката влада на собраниската седница в недела. Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски за номинацијата за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, се уште траат анализите и ќе се знае во втората половина на февруари. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука