Избор Охрид

Пријавување на учениците за полагање државна матура во августовскиот рок

Охрид, 11. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од СОУ „Свети Климент Охридски“ , кои во јунскиот испитен рок не ги завршиле полагањата на државна матура или екстерното тестирање, ќе полагаат во текот на овој месец.

На 18-ти август во склоп на полагањето на државната матура во августовската сесија 2014/2015 година, учениците ќе полагаат Македонски јазик и литература. Следниот ден, 19-ти август, се полага Англиски јазик и Германски јазик. На 20-ти август се полага математика, додека на 21-ви август се полагаат испити по предметите историја и филозофија. На 24-ти август учениците ќе ги полагаат интерните испити.

Екстерното проверување на знаењата е на 14-ти и 17-ти август за првата група и на 17 и 20-ти август за втората група спроведување на екстерното проверување.

Од денес пак започнува пријавувањето за полагање на поправни испити и спроведување дополнителна настава. Учениците можат да се пријавуваат за полагање на поправни испити до 18-ти август, а полагањата ќе се спроведат на 20-ти август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука