Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно сончево и тивко време со температура до 8. степени

Охрид, 26. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно сончево и тивко време. Ќе дуваумерен северен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег на планините и на некои од повисоките места. Температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука