Спорт

Олимпик Марсеј го контактирал Јирген Клоп

Марсеј, 11. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – По поразот во првото коло од францускиот шампионат и оставката на Марсело Биелса ,Олимпик Марсеј контактирал со Јирген Клоп.

Германецот ја напушти Борусија Дортмунд минатата сезона и најави дека ќе паузира една година, а според шпекулациите во германските медиуми тој треба да го преземе Баерн Минхен, откако ќе си замине Пеп Гвардиола наредното лето.

Весникот„Лекип“ објавил дека Марсеј е сериозен во намерите да го ангажира Клоп доколку го прифати тоа.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука