Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ја започна новата година со Национален семинар за тренери и судии

Охрид, 30. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Спортската сала на Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ во Лескоец, Охрид, се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А и Б класа) и судии, со учество на членови од сите клубови на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф.).

Семинарот беше под водство на Марјанчо Лазаревски, црн појас V дан, претседател и национален тренер на М.Т.Т.Ф. и Саша Поповски, црн појас V дан почесен претседател и национален селектор на М.Т.Т.Ф.

– По зимскиот распуст и празниците, одзивот беше повеќе од очекуван, а спортската сала беше преполна, што тоа не радува и е доказ дека имаме членови кои се лојални и се трудат да учат и да постигнуваат поголеми успеси. Можеме да се пофалиме како федерација дека имаме 23 лиценцирани тренери од кои 12 се А класа, додека 11 се Б класа. Имаме и 10 комплетни меѓународни судии кои освен како бодовни судии, сега ќе можат да се и централни судии, вели Лазаревски.

Тој искажа благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука