Забава Избор

SUPER Fresh music: Becky Hill – Never Be Alone

Охрид, 31. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британската поп-ѕвезда Becky Hill ја подготвува сцената за својот втор студиски албум кој го најавува со синглот „Never Be Alone“ продуциран од одличниот Sonny Fodera.

Песната црпи инспирација од светот на клупската култура, а дивата на денс-музиката брилијантно го спојува нејзиниот вокал во продукциски аранжман кој обезбедува опоен излив на моќен бас и заразен ритам.

– Овој сингл е создаден по период на изолација, кога целиот свет беше на дистанца. Мојот партнер и јас сме во музичкиот бизнис и навистина го почувствувавме влијанието на таквата ситуација врз музичката индустрија. Овој сингл за прв пат го пуштив пред публика во живо минатото лето и ми беше вистинско задоволство да ја видам позитивната реакција, но возбудена сум што ќе им покажам на луѓето се’ што Sonny Fodera додаде на оваа песна, изјави Becky.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука