Забава Избор

Словенија на изборот за песна на Евровизија оваа година оди со Raiven и одличната „Veronika“

Охрид, 31. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Словенија на изборот за песна на Евровизија оваа година во Шведска ќе ја претставува 27-годишната поп пејачка Сара Бришки Цирман, попозната како Raiven.

Нејзината песна „Veronika“, е инспирирана од легендата на Вероника Десиниќка. Fridrik, синот на грофот Herman II се вљубил во преубавата Вероника, што не му се допаднало на семејството, па младите побегнале. Грофот пратил војска по нив, ги фатиле, а Вероника била удавена во дрвен сад полн со вода, по што нејзиното тело било вградено во ѕидот на кулата од замокот.

Автор на песната, заедно со Raiven е фронтменот на групата Joker Out, Бојан Цвјетичанин, кој минатата година со својот бенд ја претставуваше Словенија на Евровизија.

Оваа година, натпреварот ќе се одржи во Малме на 7, 9 и 11 мај 2024 година, откако минатата година Loreen беше најдобра и го донесе натпреварот во Шведска. Република Македонија втора година по ред нема да биде дел од Евровизија, откако минатата година пропуштивме поради финансиите, а годинава јавниот сервис требало да се фокусира на одбележување на 80-годишен јубилеј од постоењето на Македонското Радио, и 60 години јубилеј од постоењето на Македонската телевизија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука