Забава Избор

„Мразам што те сакам“, нов сингл за Антониа Гиговска

Охрид, 2. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Мразам што те сакам“ е новиот сингл на младата пејачка Антониа Гиговска за која музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а текстот го напиша Тајзи.

Станува збор за емотивна балада, во кој одлично доаѓаат до израз вокалните способности на Антониа.

На почетокот на минатата година, таа заедно со нашиот Пајак постигна огромен успех и не се симнуваше од радио станиците со одличната „Хабиби“, која помина одлично и на online платформите и веќе има над 4,7 милиони прегледи на YouTube. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука