Забава Избор

SUPER Fresh music: Aurora – The Conflict of The Mind

Охрид, 2. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – По минатогодишниот хит сингл „Your Blood“, норвешката поп сензација Aurora ја претстави новата песна „The Conflict of The Mind“, балада која лирски навлегува во длабочините на самоспознанието и изолацијата, носејќи смирувачка мелодија придружена со етеричниот вокал на музичарот.

– Често се изолирам кога сум повредена, длабоко под целата темнина има убавина. Откако целосно ќе се отворите, ќе најдете верзија од себе за која никогаш не сте знаеле дека постои и искуството ќе биде незаборавно, изјави Aurora.

По големиот успех на третиот студиски албум на музичарката „The Gods We Can Touch“, кој се најде меѓу првите 10 најслушани албуми во Велика Британија, минатиот ноември таа се врати на сцената со синглот „Your Blood“, кој веќе дава насоки како ќе изгледа нејзиниот следен музички проект.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука