Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин во водоснабдувањето во населбата „Црногорци“

Охрид, 1. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф300 мм), денес од 09:30 часот, без вода ќе бидат корисниците во населбата „Црногорци“, информираат од ЈП „Водовод“ од Охрид.

Додаваат дека екипи на претпријатието се на терен и ќе работат до комплетно завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука