Економија Избор ТОП ВЕСТИ

„Тамаро“ наскоро го отвора маркетот бр. 14 во населбата „Црногорци“, распишан е оглас за нови вработени

Охрид, 1. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Водечките охридски „Тамаро“ маркети наскоро го отвораат 14-тиот по ред маркет на улицата „Радоица Новичиќ“, во населбата „Црногорци“.

– За потребите на новиот маркет, отворени се нови работни позиции. Се нуди регрес, неработен ден во недела, можности за лично напредување и остварување бонуси, подарок за роденден и ваучер и диплома за најдобар работник, потенцираат од „Тамаро“.

Додаваат дека кандидатите можат да бидат со или без работно искуство.

– Аплицирајте на телефонот 078/308-429 или испратете CV на ammagacin@gmail.com. 26 години постоење, бидете и вие дел од најдобрите, бидете дел од „Тамаро“, порачуваат од компанијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука