Забава Избор Спорт

Вечерва Super Bowl LVIII спектакл во Лас Вегас, Dj Tiësto ќе биде првиот in-game Dj

Лас Вегас, 11. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Лас Вегас, вечерва ќе се одржи Super Bowl LVIII, врвно спортско-забавно шоу во кое главните улоги ќе ги имаат екипите на Канзас Сити Чифс и Сан Франциско.

Актуелниот шампион Канзас по вторпат во изминатите неколку години ќе се бори за титулата против Сан Франциско, петкратниот шампион, кој чека 29 години да го подигне трофејот, откако Чифси ги совладаа последен пат во Суперболот во 2020 година.

Станува збор за исклучително популарен настан, а минатогодишното финале го погледнале околу 113 милиони луѓе. Големата популарност носи големи приходи, па само половина минута реклама на CBS, која го пренесува овој натпревар, огласувачите ќе ги чини седум милиони долари. Сите маркетинг блокови беа распродадени уште во ноември. Најевтините билети моментално се околу 7.000 долари, но просечната цена на билетите е речиси 10.000 долари, што е рекорд и пораст од 70 отсто во однос на минатата година. Цената на авионските билети на релација Канзас-Лас Вегас скокна за 350 отсто и изнесуваат 670 долари, но поголемиот проблем е што на аеродромите нема повеќе места за паркирање. На сето тоа додадете ги цените на сместувањето и придружните трошоци, ќе дојдете до солидна сума што треба да се одвои за задоволство да се следи ваков натпревар во живо.

NFL специјално го подготви теренот за настанот. Специјалната трева била испорачана во Лас Вегас од Калофорнија и тестирана со недели. Ѕвездата на шоу-биз делот ќе биде музичката атракција Тејлор Свифт, која дополнително е во фокусот на вниманието откако беше откриено дека се забавува со ѕвездата на „Чифс“, Тревис Келче.

Легендарниот Dj Tiësto ќе биде првиот in-game Dj на вечерашниот спектакл. Освен warm-up сетот и делот додека публиката се сместува на Allegiant Stadium во Las Vegas, тој за прв пат во историјата ќе пушта музика и за време на паузите.

– Возбуден сум што ќе бидам дел од овој голем настан. Уште подобро е што се одржува во мојот омилен град – Las Vegas, порача неодамна Tiësto.

Тој е петтиот Dj во историјата кој ја има оваа чест, по Dj Khaled, D-Nice, Zedd и Dj Snake, но прв кој ќе пушта музика во текот на целиот натпревар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука