Избор Празници

Утрена богослужба и литургија во црквата „Св. Троица“ по повод празникот Св. Трифун

Охрид, 13. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Светата Православна црква утре го празнува Светиот маченик Трифун.

По тој повод во црквата „Св. Троица“ ќе се служи утрена богослужба со почеток во 07:30 часот, а литургија ќе се служи со почеток во 08:30 часот.

По литургијата ќе следи осветување на водата и прекршување на празничниот леб со избор на нов кум, а потоа и закројување на лозјата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука