Забава Избор

SUPER Fresh music: Benjamin Ingrosso – Kite

Охрид, 19. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Шведската поп сензација Benjamin Ingrosso го претстави новиот сингл наречен „Kite“, кој е комбинација на класичниот шведски поп звук и soul музиката од 70-тите со современиот стил на 90-тите.

Песната буди добро расположение и пред слушателите е најава за сè што музичарот ќе открие со претстојниот студиски албум.

Benjamin Ingrosso успеа да се етаблира како еден од водечките уметници на шведската музичка сцена со три студиски албуми на врвот на тамошните музички топ листи.

Тој ги освои срцата на европската публика со својот настап на престижниот Избор за песна на Евровизија во 2018 година, каде ја изведе песната „Dance You Off“ и го освои седмото место.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука