Забава Избор

SUPER Fresh music: Pearl Jam – Dark Matter

Охрид, 4. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарната рок група Pearl Jam се враќа на музичката сцена со новата песна „Dark Matter“, како прв сингл од истоимениот студиски албум кој треба да се појави во музичките продавници на 19-ти април.

Станува збор за прв сингл по изданието „Gigaton“ од 2020 година. Новиот албум носи единаесет песни создадени минатата година во период од само три недели.

Бендот ги здружи силите со продуцентот Andrew Watt, па новиот материјал носи сурови емоции изразени на искрен и природен начин.

– Сè уште се обидуваме да најдеме начин да комуницираме. Сега сме во фаза од животот кога се грижиме само да објавиме нешто што е навистина квалитетно и има смисла за нас, изјави фронтменот на бендот Eddie Vedder.

Pearl Jam се етаблира како алтернативен рок бенд преку дванаесет студиски албуми кои се продадени во повеќе од 85 милиони примероци на глобално ниво.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука