Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските пожарникари изминатото деноноќие интервенирале на две локации

Охрид, 4. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие охридските пожарникари интервенирале на две локации за гасење на пожари.

– Регионалниот ЦУК Охрид информира за два случаи во кои биле пријавени и изгаснати пожари на отворено, информираат од Центарот за управување со кризи.

Апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука