Скопје, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Уште едно ново име со претседателски амбиции од денеска започна со собирање на потребните 10.000 потписи. Гоце Ристов вчера до ДИК ја доставил својата иницијатива.
– Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Македонија, од страна на Гоце Ристов, информираат од ДИК.
Во трката за „Вила Водно“ веќе влегоа седум кандидати. Прв до 10.000 потписи стигна Бујар Османи, по што следеше Арбен Таравари, Максим Димитриевски, Билјана Ванковска, Стевче Јакимовски, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.
Собирањето на потписи трае до 8-ми март 2024 година. (Крај)
извор: Слободен печат фото: архива
Прочитано: 65