Забава Избор

Јоце Панов сними нова песна на српски јазик „Погрешна“

Охрид, 7. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пејачот Јоце Панов продолжува со песните испеани на српски јазик, наменети за пазарот надвор на нашата држава.

Неодамна тој ја објави „Погрешна“, песна во брз ритам со текст во кој Јоце прашува – Погрешна или права?! Колку погрешни ни минуваат низ животот?

Музиката и текстот се на познатиот Браја, аранжманот го направи Алек Алексов, а спотот е дело на Душан Шљивиќ.

Да се надеваме дека наскоро оваа песна ќе добие и македонска верзија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука