Забава Избор

SUPER Fresh music: ARDN & SiR – Shine

Охрид, 7. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот канадски рапер во подем, ARDN го претставува новиот сингл насловен „Shine“, на кој му се придружува SiR, познато име во глобалната хип-хоп сцена.

На песната доминира R&B звукот со малку побавен ритам, додека текстот на песната носи зборови на охрабрување и ја симболизира личната борба на авторите.

– Оваа песна покажува како и SiR и јас поминавме низ многу предизвици во животот, но на крајот успеавме да се издигнеме од пепелта, вели ARDN, 23-годишниот канадски Hip-Hop изведувач кој е роден во Јужна Африка.

Публиката го знае по хит синглот „Til the Morning“ кој беше вирален на социјалните мрежи во 2022 година со преку 22 милиони стримови на популарните музички платформи.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука