Здравје Избор Свет

Германец 217 пати се вакцинирал против COVID-19

Нирнберг, 7. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Шеесет и двегодишен маж од Германија примил 217 вакцини против COVID-19, спротивно на лекарските совети. Бизарниот случај е објавен во журналот за заразни болести „Лансет“.

Тој приватно ги купил и примил вакцините за период од 29 месеци, при што немал никакви несакани ефекти, објавија истражувачите од Универзитетот Ерланген-Нирнберг.

– Дознавме за овој случај од написи во весници. Го контактиравме човекот и го поканивме да направиме тестови во Ерланген. Беше многу заинтересиран за тоа, изјави Килијан Шобер од одделението за микробиологија на универзитетот.

Тој дал свежи примероци на крв и плунка, а истражувачите истовремено тестирале замрзнати примероци од неговата крв кои биле скалдирани во изминатите години. Шобер бил загрижен дека хиперстимулирањето на имунолошкиот систем со постојани дози вакцини би можело да измори одредени клетки, но такво нешто не било утврдено и немало докази дека некогаш бил заразен со COVID-19.

– Ние сепак не ја поддржуваме хипервакцинацијата како стратегија за подобрување на адаптивниот имунитет, кажа Шобер. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука