Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претрес во Охрид, пронајдена дрога во домот на 23-годишен охриѓанец

Охрид, 7. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти март 2024 година, во 16:20 часот, на улицата „Крали Марко“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 23-годишно лице од Охрид.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука