Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Од денеска нема да се примаат во градинките делумно или невакцинирани деца против Голема кашлица

Скопје/Охрид, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска стапува на сила одлуката на Министерството за здравство, делумно или невакцинираните деца со Ди Те Пер против Голема кашлица, да не бидат примени во градинките низ државата, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведува вонредни контроли.

Одлуката доаѓа по цел месец откако беше прогласена епидемија на Пертусис во Скопје. Иако Министерството за здравство прогласи епидемија на Голема кашлица на територија на град Скопје, контролите може да се вршат во целата држава без да биде прогласена епидемија.

Целта е спречување на ширењето на ова заразно заболување. Од почетокот на годината до денес вкупно се регистрирани 173 случаи на Голема кашлица, од кои 87 % живеат во Скопје, а останатите во 8 општини во државата. (Крај)

извор: Тв Телма/Сотир Трајков фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука