Забава Избор

SUPER Fresh music: REX – ElaEla

Охрид, 1. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Талентираниот текстописец и регионална хип-хоп ѕвезда во подем, REX го претставува синглот „ElaEla“ кој го најавува неговото ново EP издание.

Како син на легендарниот Мањифико, REX уште од мали нозе го разви својот музички талент и со текот на годините вешто го гради својот пат и создава уникатен стил. Новиот сингл е соработка со хрватскиот музичар Андре, а песната е една од петте што ќе се најдат на претстојното EP издание „Енигма“.

– Песната е целосно меланхолична. Зборува за брзиот живот во градот, каде низ целиот тој хаос ве води сеќавањето на една мината љубов. Тоа е тема со која мислам дека многу луѓе можат да се поврзат и мислам дека ќе се поврзат со песната, вели REX за новото издание.

Ја започна својата кариера во 2018 година како член на групата Brudaz, преку која ги развива своите писателски способности и постигна забележителен успех во родната Љубљана, по што го продолжи своето музичко патување како самостоен уметник.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука