Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Пржената храна ги уништува корисните бактерии во стомакот

Охрид, 12. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Брзата и пржена храна ги убива стомачните бактерии кои штитат од дебелеење, дијабетес, рак, срцеви заболувања, како и од воспалителни процеси во цревата и аутизам.

Човековите црева содржат околу 3.500 различни видови бактерии, кои земени заедно опфаќаат речиси 1 кг тежина. Научниците веруваат дека пржената храна може да го намали бројот на микроорганизмите во стомакот на човекот до една третина.

Ова објаснува зошто некои луѓе трупаат килограми, а други – не, и покрај приближно еднаквата количина внесени масти, шеќери, протеини и јаглехидрати.

Микроорганизмите во стомакот исто така играат клучна улога во одбранбениот механизам на потенцијалните штетни микроби и регулирањето на метаболизмот. Тие произведуваат дигестивни ензими, заедно со витамин А и К. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука