Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦЈЗ Охрид: Нови дијагностички методи за микробиолошка анализа на хуман материјал

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за јавнос здравје од Охрид информираат дека продолжуваат со воведување на нови дијагностички методи за микробиолошка анализа на хуман материјал, со цел да одговорат на потребите на сите пациенти и лекари, за брзо, точно, успешно и ефикасно дијагностицирање и следење на различни состојби.

– Со помош на најсовремен инструмент, со високософистицирана и сензитивна молекуларна технологија, на принцип на детекција на генетски материјал (ДНК/РНК) од различни бактерии, вируси и нивни продукти, во Центар за јавно здравје Охрид, за релативно кратко време се добиваат резултати за детекција на патогени микроорганизми во примерок на фецес (измет)/ назофарингеален брис (брис од нос). Во моментов, во микробиолошките лаборатории на Центар за јавно здравје во Охрид, на располагање се тестови за:

1. Детекција на микроорганизми прeдизвикувачи на гастроинтестинални (цревни) инфекции и труења со храна
a. Детекција на токсини на бактеријата Ентерохеморагична Еscherichia coli и тоа: Verotoxin 1 и 2, Intimin, Haemolysin, EIEC/Shigella, EAggEC, Verotoxin 2f
b. Детекција на токсини на бактеријата Clostridium difficile и тоа: toxin A и B, GDH, Binary toxin
c. Детекција и диференцијација на различни типови Салмонела

2. Детекција/скрининг на MRSA (тип на бактерија-Метицилин резистентна стафилокока која е резистентна на многу антибиотици, а е причинител на интрахоспитални инфекции кои се тешки за лекување)
На овој начин, користејќи високо софистициран инструмент на база на молекуларна технологија, овозможуваме на лекарите за неполни два часа, да добијат точни показатели за правилно и навремено дијагностицирање на одредени здравствени состојби кај пациентите со цел ефикасен третман на истите, информираат од ЦЈЗ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука