Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Физичката активност го продолжува животот

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Постарите мажи кои одвојуваат по 30 минути со физичка активност, шест дена во неделата, имаат 40 проценти помал ризик од смртност, во споредба со нивни врсници кои најчесто седат, гледаат телевизија или се на компјутер.

За мажите од оваа возрасна група, дури и малку редовни вежби, независно од интензитетот, се подеднакво корисни како што е откажувањето од пушењето.

Лекарите испитувале илјадници мажи, кои се во добра општа здравствена состојба и биле подложени на физичка активност. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука