Забава Избор

Охриѓанецот Владимир Четкар вечерва ќе одржи концерт во Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall во Детроит

Охрид/Детроит, 3. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Важи за еден од најдобрите гитаристи во својата генерација. Охриѓанецот Владимир Василески- Четкар по одличниот настап од 26-ти април во клубот Chelsea Table & Stage во Њујорк, вечерва е во Детроит каде ќе одржи концерт во џез клубот Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall.

– Со многу мерак ги најавуваме концертите оваа пролет, кога истовремено ќе се прават завршните студиски снимања и продукција во Америка за потребите на новиот албум, информираат од тимот на Владимир Четкар.

Денеска ќе се одржи и официјалната промоција на ремиксот на песната „All for you“ на Четкар на врвниот Dj Mannix Kling од Виена за издавачката куќа „Only Good Vibes Music“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука