Забава Избор

SUPER Fresh Music: Lukas Graham – Cheat Code

Охрид, 22. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најпознатите дански поп-кантавтори, Lukas Graham го претстави синглот „Cheat Code“ во кој артистот го открива својот рецепт за среќа и постојана возбуда во љубовниот живот.

Тој дава совети како да се води љубов и по долги години заеднички живот и да не се претвори врската во навика, а приказната е придружена со заразен поп звук создаден од повеќенаградуваниот холандски продуцент Kizzo.

– Верувам дека сите знаат колку е тешко да се одржи возбудата и среќата во романтичната врска, но и во животот воопшто. Успеав да најдам рецепт за среќата на мојата сопруга и како да ја одржуваме нашата секојдневна забава и полна со адреналин. изјави Lukas.

Синглот „Cheat Code“ е првото издание на музичарот за оваа година со кое го најавува неговиот петти студиски албум.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука