Забава Избор

Калиопи и охриѓани денеска заеднички ќе го снимат спотот за новата песна

Охрид, 21. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Популарната Калиопи ја најави промоцијата на новиот албум со песни на македонски јазик, кој изминатиов период го работеше во Македонија и во Швајцарија, со продуцентот Ромео Грил.

За една од песните од албумот, таа ќе снима спот во Охрид, денеска, вторник, 21-ви мај. Претходно, на социјалните мрежи, таа ги повика охриѓани да ѝ се придружат на снимањето. Промоцијата на албумот е закажана за среда, 29-ти мај напладне во Скопје.

Калиопи најави одржи два концерти во Македонија. Првиот ќе се одржи во Битола на 20-ти јули на Херкалеа, а вториот во Скопје во салата „Борис Трајковски“ на 19-ти октомври 2024 година. (Крај)

извор: сдк.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука